Ни колку на попис ги нема, а велат дека се илјадници: 181 Бугарин од Македонија се пријавиле за гласање на бугарските избори
Вкупно 181 граѓанин на Македонија се пријавени за гласање на бугарските парламентарни избори во Македонија. Сите ќе гласаат онлајн, а според податоците од Централната изборна комисија, најмногу се пријавени во Прилеп – 46.
Од вкупниот број пријавени, во Генералниот конзулат во Битола ќе гласаат 8 лица, во Велес се пријавени 42, во Кавадарци 45, во Охрид 7, во Прилеп 46, во Амбасадата на Бугарија во Скопје се пријавени 9, во Струмица 22 и во Штип двајца.
Во амбасадата во Скопје и во генералниот конзулат во Битола ќе гласаат и вработените и пријавени бугарски граѓани.
Инаку, најмногу бугарски граѓани за гласање се пријавени во Турција – 26.019, а потоа во Велика Британија и Северна Ирска – 4.875. Во Албанија, пак, каде што Бугарија тврди дека има големо бугарско малцинство за гласање се пријавени 245 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…
Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…
Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…
При обработени 98,99 отсто од записниците во…
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…