Ни пристигна зејтин од соседите: Во Македонија донесени 48.000 шишиња од Србија, утре уште толку

t

Попладнево во Македонија влегле 48.000 шишиња масло за јадење од Србија, а уште толку се најавени за текот на утрешниот ден. На малопродажните рафтови се очекува да се најдат веќе од утре.

Забраната за извоз на нерафинирано масло од Србија сè уште е на сила и засега нема информација кога ќе биде симната, иако се очекува во најскоро време.

Домашните производители, во меѓувреме, набавуваат суровини од други земји и со повисоки цени, па затоа и предупредуваат на можноста од поскапување на маслото за јадење во малопродажбата.

Освен 96.000 шишиња со масло за јадење од Србија, од кои пола пристигнаа, а пола се очекуваат, договорени се уште два милиона литри чиј начин и рок на испорака ќе бидат дополнително прецизирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се стега обрачот околу Мило: Обвинителството во…

Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет…

Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба:…

Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс…

Дејли Бист: Здравјето на Кралот Чарлс се…

Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека…

„Дневник“: Странска интервенција од неочекуван правец ги…

На мрежите се споделува и проследува едноставен…