Новак: Русија годинава извезла околу 20 отсто повеќе гас во Европа отколку во 2023 година
Вкупниот извоз на руски гас во европските земји оваа година бил меѓу 18 и 20 отсто поголем од минатата година, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак.
-И покрај сите изјави и притисоци од санкции, гасот е високо еколошки производ, тој е баран. А рускиот гас е најпрофитабилен – и логистички и по цена, рече Новак.
Договорот за транзит на руски гас во Европа преку украинска територија истекува на 31 декември, а претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, најави дека Киев нема намера да го обнови договорот со Русија, што доведе до несогласувања со неколку европски лидери, вклучувајќи го и словачкиот премиер Роберт Фицо.
Руски Газпром вчера оцени дека потрошувачката на гас во Европа ќе продолжи да се намалува во 2025 година, а стапката на пад ќе зависи од идните политички одлуки.
Според прелиминарните проценки, светската потрошувачка на гас ќе се зголеми за повеќе од 100 милијарди кубни метри до крајот на 2024 година, а Русија, Кина и Индија ќе забележат највисока стапка на раст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена –…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска…
Украински новинар тврди дека Украина подготвува копнена…
Украинскиот новинар и аналитичар Сергеј Пављученко тврди…
Високите трошоци за живот и протестите во…
Европратениците повикаа на итни мерки за справување…
Синот на Кадиров добил српско државјанство под…
Деветнаесетгодишниот Али Кадиров, син на чеченскиот лидер…
Приведено лицето кое упатуваше закани кон новинарот…
Триесет и осумгодишен жител на Кичево е…