Новата Европска комисија почна со работа: Калас, Кос и Коста во Киев – Силна поддршка од ЕУ за Украина
Новата Европска комисија денеска официјално почна со работа. Првиот чекор на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас и на комесарката за проширување Марта Кос, беше да заминат во Киев заедно со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста.
На 28 ноември, Европскиот совет официјално ја назначи новата Европска комисија, откако Европскиот парламент го одобри нејзиниот состав еден ден претходно.
Урсула фон дер Лајен повторно ќе ја води комисијата во следните пет години.
Мандатот на новата Европска комисија трае до 31 октомври 2029 година.
Калас изјави дека Унијата јасно сака Украина да ја добие војната.
„Во мојата прва посета по преземањето на функцијата, мојата порака е јасна: Европската унија сака Украина да победи во оваа војна. Ќе направиме се што е потребно за тоа“, изјави Калас на социјалната мрежа „Икс“.

Комесарката Кос исто така изјави дека ѝ е чест да го посети Киев на нејзиниот прв ден на таа позиција.
„Тука сме со силна порака: Украина може да смета на непоколебливата и силна поддршка на Европа на патот кон слободата, мирот и европската иднина“, рече Кос.
Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави дека ЕУ стои до Украина уште од првиот ден.
„Од првиот ден на војната, ЕУ застана до Украина. „Од првиот ден од нашиот мандат, ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за украинскиот народ“, напиша Коста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…