Новата италијанска премиерка до Зеленски: Може да сметате на нашата лојална поддршка

t

Украина може да смета на поддршката на новата италијанска влада, се вели во пораката до претседателот Володимир Зеленски од Џорџа Мелони, чија крајнодесничарска партија “Италијански браќа” освои најголем процент од гласовите во неделата, пренесе АФП.

„Знаете дека можете да сметате на нашата лојална поддршка за каузата за слободата на украинскиот народ. Бидете силни и чувајте ја цврсто својата вера“, напиша Мелони на Твитер како одговор на честитките на Зеленски за нејзината победа.

„Ја цениме непоколебливата поддршка на Италија за Украина во борбата против руската агресија и сметаме на продуктивно партнерство со новата италијанска влада“, напиша тој на италијански.

Италијанскиот премиер во заминување Марио Драги беше еден од најсилните поддржувачи на санкциите на ЕУ против Русија поради војната во Украина, и покрај зависноста на неговата земја од рускиот гас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…