Нова автобуска линија Тетово-Попова Шапка
Граѓаните кои сакаат да ја посетат Попова Шапка од денеска ќе имаат можност да ја користат нововоспоставената автобуска линија која тргнува од Тетово. До скијачкиот центар досега немаше редовна автобуска линија, а Општина Тетово воведува превоз во сабота и недела.
Од Тетово кон Попова Шапка автобуси ќе тргнуваат во 08:30, 11:00, 14:00 и 17:00 часот со почетна точна – во близина на поранешната појдовна станица на жичарницата од градот до скијачкиот центар.
Повратен билет за едно лице ќе чини 200 денари.
– Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец, соопштија од Општината.
Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово, кои имаат редовни градски линии. За враќање од Попова Шапка кон Тетово предвидени се термините 09:30, 12:30, 15:30 и 18:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров и Аракчи за ситуацијата во Иран:…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
„Безбеден град“ од 12 октомври се проширува…
Системот за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци „Безбеден…
САД се подготвуваат за инвазија на Куба?!
Американската армија започнала проценка дали во рок…
Јаневска очекува проектот за доградба на двете…
Проектот за доградување на двата објекта наменети…
СООБРАЌАЈКА КАЈ „НОВА МАКЕДОНИЈА“ – Повреден доставувач…
Сообраќајна незгода се случи денеска на булеварот…