Нова автобуска несреќа во Венеција, 15 лица се повредени!
Градоначалникот на Венеција Луиџи Бругано нареди веднаш да престанат со работа електричните автобуси на компанијата „Ла Линеа“, по втората несреќа на возилата на компанијата, во која беа повредени 15 лица. Синоќешната несреќа се случила откако автобусот ненадејно извртел и удрил во столб од станбена зграда, а возачот на екипата на итната помош и рекол дека наеднаш му се слошило.
Електричен автобус синоќа удри во столб од зграда во градот Маестре кај Венеција, само 10 дена откако 21 лице загина во автобуска несреќа во истиот град.
Во синоќешната несреќа повредени се 15 лица, а градоначалникот изјави дека нема потешко повредени патници, пренесува АП.
Пред 10 дена на истото место се случи несреќа во која загинаа 21 лице, меѓу кои две деца, откако автобусот излетал од надвозникот и се запалил, а уште 15 лица биле повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венеција заработи над пет милиони евра од…
Пробниот период за наплата за влез во…
Трагедија во Турција: Се преврте туристички автобус,…
Четири лица загинаа, а 15 се повредени,…
Осуммина загинати откако автобус се излизга од…
Осум лица загинаа, меѓу кои и едно…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…