Нова Алтенатива: Оние кои 30 години го ограбуваат и пустошат македонскиот народ едногласно се амнестирани од народните избраници во Собранието

t

Нова Алтернатива преку соопштение истакна дека со сериозна загриженост го проследила најновиот извештај на Транспаренси интернешнл согласно кој Република Македонија се наоѓа на 76 место во светот од 180 држави во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата.

„Иако државата бележи напредок од две места на оваа листа, Македонија е се уште далеку под европскиот просек кога станува збор за корупцијата.

За жал Македонија на оваа позиција е во друштво на држави како Молдавија, Буркина Фасо и Тринидад и Тобаго.

Она што дополнително загрижува е што во последниот извештај директно се посочува на измените на Кривичниот законик со кој корумпираните политички елити во Македонија меѓусебно се амнестираа за сторениот криминал.

ДПМНЕ на Мицкоски направи кворум, а СДСМ и ДУИ си изгласаа измени на кривичниот законик согласно кој се амнестирани повеќе од 19 актуелни и високи функционери на ДПМНЕ како и тројца поранешни функционери на СДСМ.

ДПМНЕ иако тврдеше дека во Собранието спроведува активна блокада, не мрдна со прст да го спречи носењето на измените на Кривичниот законик, напротив остана во собраниската сала да прави кворум со цел што побрзо измените да стапат во сила.

Ова беше само последниот показател дека корумпираните политички елити во Македонија иако по дебатни емисии сакаат да се прикажат како спротивставени страни, истите се обединети кога станува збор за корупција и криминал. Оние кои 30 години го ограбуваат и пустошат македонскиот народ едногласно се амнестирани од народните избраници во Собранието“, порачаа од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…