Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
Речиси 16 отсто е разликата меѓу владејачката Нова демократија и опозициската СИРИЗА, во пресрет на европските избори во Грција на 9 јуни, според резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Opinion poll“, спроведено за грчката телевизија „Action24“, јави дописничката на МИА од Атина.
Нова демократија е стабилна на првата позиција со 29,1 отсто, СИРИЗА е втора со 13,5 проценти, на третото место е ПАСОК со 10,6 отсто, а десничарската националистичка партија Грчко решение е четврта политичка сила во земјата со 8,7 проценти.
Во однос на тоа колкав е интересот на граѓаните за европските избори 65,1 отсто од анкетираните вели „многу“ или „доста“, додека пак на прашањето колку е веројатно да не излезат на гласање, 77 проценти одговориле „малку“ или „воопшто“.
На европските избори во 2019 година, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто.
Истражувањето на јавното мислење на „Opinion poll“, за грчката телевизија „Action24“ било спроведено од 15 до 18 мај со анкетирани 1.006 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Нетанјаху станува сè посилен по конфликтот со…
Владејачката партија Ликуд во Израел бележи зголемување…
Каменичанец изградил поткровје без соодветна дозвола, па…
Жител на Македонска Каменица доби кривична пријава…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
ЈП „Чистота и зеленило“ пред колапс поради…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе се…
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…