Нова дојава за бомба во Версај, замокот евакуиран и затворен
Замокот Версај бил евакуиран рано попладнево поради закана за бомба и бил затворен цел ден, дознава „АФП“ од извор запознаен со ситуацијата и управувањето со замокот.
„Од безбедносни причини, Версајската палата ги евакуира посетителите и ги затвора вратите за денеска“, соопштија од палатата на платформата „Х“.
Замокот веќе беше евакуиран во саботата попладне по анонимна дојава за бомба.
Евакуацијата на посетителите била речиси завршена околу 13 часот и 15 минути, а кога завршиле биле ангажирани пиротехничари на работа, изјави полициски извор. Не е соопштено колку луѓе се евакуирани.
Во овој период од годината, замокот го посетуваат меѓу 10.000 и 15.000 луѓе дневно.
По нападот со нож во петокот врз наставник во Арас, Франција го подигна нивото на тревога за тероризам на највисоко ниво.
Од почетокот на септември во училишните институции се примени 168 пријави за бомби, изјави министерот за образование Габриел Атал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро
Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д.…
Скандал во Париз: Откажано е натпреварување поради…
Нов скандал се случи на Олимписките игри…
Мојсовска не се пласираше во финалето на…
Анастасија Мојсовска денеска настапи на ЛОИ во…
Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…
Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…
БРАВО! Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија…
Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ освои златен медал и стана…