Нова дојава за бомба во Србија, овој пат во Ниш!
Нов извештај за бомба во зградата на Гимназијата „Бора Станковиќ“ во Ниш. Училиштето е веднаш евакуирано и во тек е антидиверзантска проверка на објектот, соопшти полицијата
Во Полициската управа во Ниш утрово околу 9 часот и 30 минути пристигнала анонимна дојава дека била поставена бомба во зградата на Гимназијата „Бора Станковиќ“.
– Училиштето веднаш е евакуирано и во тек е антидиверзантски увид на објектот – соопшти полицијата.
Ова е трет извештај за поставена бомба во Ниш во последниот месец.
Првата лажна пријава била за трговскиот центар „Делта планет“, а втората за аеродромот „Константин Велики“, пишува Нова.рс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…