Нова драма кај Плуждино: Пожарот повторно се активираше – 1 лице повредено
Пожарот во месноста Плуждино кај Штип, кој вчера избувна најверојатно по удар на гром, денеска повторно се разгоре и, според информациите од терен, е посилен од вчерашниот. Огнената стихија зафати поголема површина и предизвика нова мобилизација на противпожарните екипи.
Според првичните информации, едно лице е повредено, а најмалку една куќа е зафатена од пожарот. Засега нема официјални детали за степенот на повредите и за материјалната штета.
Пожарот првично избувна вчера на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино, при што силниот ветер придонесе огнот брзо да се прошири кон ридовите над градот. Пламените јазици се движеа во правец на населените места, поради што беше побарана помош и од противпожарните единици од Кочани и Свети Николе.
Во текот на ноќта пожарот беше ставен под контрола и локализиран благодарение на интервенцијата на пожарникарите, доброволците и локалните служби, а надлежните тогаш соопштија дека нема повредени лица и дека куќите биле заштитени од огнот.
Сепак, денешното повторно разгорување на пожарот покажува дека опасноста сè уште не е целосно отстранета. Екипите и понатаму се на терен и работат на ставање на огнот под контрола, додека надлежните внимателно ја следат состојбата за да спречат понатамошно ширење на пожарот кон населените места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…
Поранешен македонски репрезентативец се најде меѓу 25…
На свечената гала-вечер во Љубљана беа избрани…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…
Мицкоски: Очекуваме раст на БДП меѓу 3,5…
Очекуваме годината да ја завршиме со раст…
Евростат: 16,3 отсто од полнолетните Европејци се…
Во 2025 година, 16,3 отсто од лицата…