НОВА ЕВАКУАЦИЈА НА ЦИВИЛИТЕ ВО ХЕРСОН: Офанзива на руската армија на источниот и јужниот фронт

t

Во Украина продолжуваат борбите. Во текот на вчерашниот ден експлозии одекнаа во регионите Харков, Киев и Керсон, а прекинато е и снабдувањето со електрична енергија на реакторите на нуклеарната централа Запорожје.

Руската војска започна офанзива на Мариник и во правец на Бахмут и Авдеевка на Донбас, на исток и кон Николаев, на јужниот фронт. Едно лице загина во рускиот воздушен напад врз Николаев.

Меѓународната агенција за атомска енергија започна инспекција во Украина поради руските наводи за „валкана бомба“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека компанијата „Гаспром“ извршила увид на местото каде што се случила експлозијата во која се оштетени цевките на гасоводот „Северен тек“ и оцени дека е бесмислено да се обвинува Русија дека е одговорна за експлозија на гасоводи.

Руските специјални служби имаат докази дека припадници на британската морнарица биле вмешани во саботажа на гасоводите Северен тек и Северен тек 2, објави Кремљ.

Британското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги руска тактика за да се сврти вниманието од бомбардирањето на украинските цивили. Лондон бара начин да го заштити воениот буџет од инфлација, поради санкциите против Русија и енергетската криза.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за решенијата за продолжување на договорот за жито.

Путин му рекол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека повторното приклучување на Русија кон договорот за жито е можно по истрагата за нападот на Севастопол и безбедносните гаранции од Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Eдна работа може да го запали…

По средбата на претставниците од Западен Балкан…

Скопјанец е сместен во здравствена установа откако…

Во СВР Скопје во раните утрински часови…

Министрите за енергетика на ЕУ на состанок…

Министрите за енергетика на земјите членки на…

Хаос во Италија поради одлуката на синџир…

Одлуката на енергетскиот гигант Ени предизвика голема…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…