Објавено на:

Нова жештина над Македонија: Растат температурите, алармот за пожари на највисоко ниво

t

Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран. Поради екстремно високите температури, земјава се наоѓа во портокалова фаза, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат продолжување на екстремно високите температури и во текот на следната недела.

Покрај високите температури и портокаловата фаза, земјава се соочува и со зголемен број пожари на повеќе локации. Од Центарот за управување со кризи информираат дека комбинирани тимови се активно на терен и интервенираат таму каде што е најпотребно.

Со пожари на повеќе локации интервенираат и противпожарните единици во главниот град. Од Противпожарната бригада на Град Скопје за Телевизија 24 велат дека екипите се постојано на терен и активно работат на целосно локализирање и санирање на последиците од пожарите.

Активен пожар има и на депонијата во Крива Паланка, каде што гори отпад. Градоначалникот Сашко Митовски информира дека во гаснењето се вклучени комбинирани екипи, кои работат на целосно локализирање на пожарот.

Инаку, надлежните претходно издадоа предупредување за висок ризик од појава на пожари. На граѓаните им се препорачува да избегнуваат движење и престој во шумските предели, особено во периодите кога температурите се највисоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…