Објавено на:

Нова мапа од фронтот: Еве кои делови ги врати Украина и што контролира Русија

t

Американскиот институт за воени студии (ISW) денеска објави дека украинската армија ослободила 2.500 квадратни километри во областа Харков, како резултат на украинската воената офанзива која трае неколку денови.

Објавена е и карта која покажува колкава територија во овој дел ослободила украинската војска.

Со црвена боја се означени руските напредувања, а со сина украинскиот контранапад. Делот кој е означен со жолта боја ги прикажува местата под руска контрола.

Инаку, Русија го напушти своето главно упориште во североисточна Украина во саботата, во ненадејниот пад на една од главните линии на фронтот откако украинските сили се заканија дека ќе го опколат тоа подрајче со шокантно продирање.

Брзиот пад на Изјум во покраината Харков беше најтешкиот пораз на Москва од март, кога руската војска беше присилена да се повлече од главниот град Киев. Тоа би можело да биде одлучувачка пресвртница во шестмесечната војна, со илјадници узбегани руски војници кои дури ги оставија и залихите со муниција и опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…