Нова, моќна ерупција на Етна го блокираше аеродромот во Катанија
Вулканот Етна на Сицилија синоќа го потресе италијанскиот остров со нова, уште посилна ерупција во споредба со онаа од пред неколку дена. Поради густиот чад и вулканскиот пепел, аеродромот во Катанија со часови беше затворен — најпрво во текот на претпладнето, а потоа повторно неколку часа подоцна.
И покрај големата неизвесност и откажаните летови, група од 120 туристи од Србија попладнево успеа да се врати дома.
Тие полетаа за Белград со авион на „Ер Србија“, која во петокот меѓу првите ги реализираше летовите од Сицилија. И во вонредни околности, националната авиокомпанија одлучи да испрати летало и да ги преземе патниците.
Сепак, веднаш откако авионот полета кон Белград околу 15:30 часот, аеродромот повторно беше затворен поради новата ерупција и силниот ветер кој го носи пепелот. Поради ова, илјадници туристи вечерва останаа заглавени во Катанија.
Ова е уште една во серијата експлозии на најактивниот вулкан во Европа во последно време, поради кои аеродромот во Катанија повремено целосно го прекинува сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
Рубио: Средбата на Зеленски и Виткоф беше…
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, оцени дека…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…