Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош тргна од Кипар кон Газа
Уште една, нова пратка со 900 тони хуманитарна помош што вклучува лекови, медицинска опрема, средства за лична хигиена, храна и опрема за засолништа, тргна од Кипар кон Газа, во рамките на кипарската иницијатива „Амалтиа“ за испраќање помош преку поморскиот хуманитарен коридор, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за надворешни работи на Кипар соопштија дека испораката се реализира во тесна соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) и со Обединетите Арапски Емирати, како и со неопходната оперативна координација со непосредно вклучените страни.
Додадоа дека во испраќањето на помошта учествуваат различни држави, меѓународни организации и хуманитарни организации, меѓу кои Франција, Словачка, Кувајт, Програмата за развој на Обединетите нации, Фондот за население на ОН, Светската здравствена организација и невладините „World Central Kitchen“, „All Hands and Hearts“ и „Project Hope“.
– Кипар, во оваа рамка продолжува да функционира како стабилна точка за собирање, складирање, безбедносна контрола, инспекција и испраќање на хуманитарната помош, која транзитира кон Газа за доставување и дистрибуција преку пристаништето Ашдод. Досега, од почетокот на функционирањето на поморскиот хуманитарен коридор, беа испратени и доставени над 37.000 тони помош за цивилното население во Газа, соопштија од кипарското МНР.
Кипарската иницијатива „Амалтиа“ за поморски хуманитарен коридор од Кипар кон Газа беше активиран на средината на март 2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…