Објавено на:

Нова препрека за светскиот број еден: Ѓоковиќ не може да настапи на Ју-Ес Опен

t

Освојувачот на годинешниот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на последниот грен-слем турнир сезонава Ју-Ес Опен, соопштија денеска организаторите.

Ѓоковиќ се најде на листата учесници на грен – слемот во Њујорк, но организаторите најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на американските власти, со која на невакцинирани странски државјани им е забранет влез во земјата.

– Ју-Ес Опен не воведе задолжителна обврска за вакцинација за своите учесници, но ќе ја почитува одлуката на Владата на САД, која се однесува на влез во земјата за невакцинирани неамерикански државјани, соопштија организаторите.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе пати повтори во минатото дека нема да се вакцинира против коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…

Денес се празнува Светиот маченик Арета

Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…