Нова пресметка на РКЕ: Колку ќе чинат горивата од полноќ?

t

Возачите денеска ја очекуваат новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги утврди малопродажните цени на горивата за наредниот период.

Во пресрет на одлуката, Владата соопшти дека мерката за намалена акциза на горивата ќе остане во сила до 15 јуни. Дополнително, најавен е и попуст од два денари по литар како резултат на договорот со рафинеријата ОКТА.

Според владините проценки, дизел горивото би можело да поевтини за околу 6,5 денари по литар, додека бензините би можеле да добијат намалување од приближно 1,5 денари.

Од Владата оценуваат дека ваквите мерки треба да придонесат за намалување на финансискиот товар врз граѓаните и компаниите, особено во секторите кои најмногу зависат од транспортот и енергенсите.

Потенцијалното поевтинување би имало позитивен ефект и врз земјоделците, превозниците и стопанството во целина, а воедно би помогнало и во одржувањето на ценовната стабилност во услови на неизвесности на меѓународните пазари.

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на викендот изјави дека очекува трендот на стабилизација на цените да продолжи и во наредниот период, нагласувајќи дека горивата во земјава и понатаму се меѓу поевтините во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама порача дека Владата не се соборува…

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Владата…

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Брвеница…

Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид поради…

Десетици илјади луѓе протестираа денеска во Мадрид…

ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред политичките конкуренти,…

ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички…