Објавено на:

Нова принова во ЗОО Скопје: Се родија три бебиња од загрозениот вид бели волци

t

Во ЗОО Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а  белата боја на крзното, како на нивните  родители, ќе ја добијат со текот на времето.

Волчињата се заедно своите  родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто  сама го направи и таму  сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот. Во многу земји на Европската Унија  овие волци  се строго заштитени со Бернска конвенција.

Белите волци во Зоолошка градина во Скопје пристигнаа од Чешка во 2020 година

Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд.  Познати се и како поларни волци или бели волци.

Овој вид на волци спаѓа во загрозените видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови  значително го намали бројот на овие животни во последните години.

За потсетување, оваа пролет  во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, односно се родија три лавчиња, белорак гибон, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца,  камила и најновите бебиња  бели волци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…