Нова провокација од Јотова: Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка

t

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изјави од историскиот локалитет Петрова нива дека Бугарија нема да ги напушти Бугарите во Република Северна Македонија и ќе продолжи да ги брани нивните права, објави БТВ. Таа учествува во националното одбележување на „123-годишнината од Илинденско-Преображенското востание“.

Јотова нагласи дека заедничката историја меѓу Бугарија и Северна Македонија не треба да биде причина за поделба.

„Денес во Република Северна Македонија луѓето зборуваат за Бугари, но нашата историја е заедничка. Што имаме да делиме?“, рече шефот на државата, повикувајќи ги и политичарите и општеството да се спротивстават на говорот на омраза.

Таа рече дека Бугарија „ќе ги заштити правата на Бугарите во Северна Македонија“

„Ние нема да ве негираме и ќе ги заштитиме вашите права – правата на секој човек. Ова не е политичка декларација. За мене, ова е вистинското читање на тестаментот на народот на Илинден, кој знаеше дека само преку единство можеме да имаме државност и слобода за секој човек“, рече Јотова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…

73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…

73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…

БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…

Велика Британија нема да може да изгради…