Нова рунда разговори за Изборниот законик – партиите повторно ќе бараат компромис

t

Претставниците на парламентарните партии денеска повторно ќе седнат на иста маса во обид да ги приближат ставовите за измените на Изборниот законик, иако разликите околу неколку клучни прашања и натаму остануваат значителни.

Најголеми несогласувања има околу начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората, воведувањето една изборна единица и моделот за финансирање на помалите политички партии.

Од СДСМ предупредуваат дека предложените решенија за гласањето на дијаспората можат да отворат простор за изборни злоупотреби. Според партијата, нема оправдана причина за забрзано носење на законските измени и бараат дополнителни гаранции доколку се воведе електронско гласање.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека се подготвени да прифатат гласањето на дијаспората да се организира по пошта доколку не се обезбедат услови за електронско гласање. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија е подготвена да прифати и други барања доколку тоа овозможи македонските иселеници да го остварат своето право на глас на следните парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова рунда разговори за Изборниот законик –…

Претставниците на парламентарните партии денеска повторно ќе…

Грција ги замрзнува цените во супермаркетите во…

Грчката влада најави замрзнување на цените во…

Климата ќе троши три пати повеќе струја,…

Во летните горештини, клима-уредите се најбрзото и…

Илјадници луѓе бегаат од пожарите кои беснеат…

Шумски пожари денеска беснеат низ јужна Европа,…