Објавено на:

Нова серија експлозии на Крим

t

Нова серија експлозии на Крим. Најмалку четири детонации одекнаа во близина на главната воздушна база белбек, северно од севастопол на полуостровот окупиран од Русија.

Прорускиот гувернер на Севастопол, Михаил Развозаев, изјави дека засега нема информации за евентуалните штети и настрадани лица во овие експлозии. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска престојува во украинскиот град Одеса, по што ќе замине за Турција. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со Гутереш се договориле за параметрите на можнат мисија на меѓународната агенција за атомска енергија во нуклеарната централа во запорожје.

По вчерашните разговори со Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Лвив, тој рече дека Русија треба веднаш да ги повлече своите сили и да престане да ја гранатира нуклеарната централа. Русија ја освои електраната во март по тешки борби, а со неа сè уште управуваат украински техничари. Русија вчера соопшти дека постои ризик од вештачка катастрофа во украинската нуклеарна централа Запорожје и ги обвини Киев и западот дека планираат „провокација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…