Објавено на:

(НОВА СНИМКА) ВОЕН АНАЛИТИЧАР: Вучиќ употреби звучен топ за време на 15 минутниот молк за жртвите – ова е брутално покажување сила!

t

Звукот што го прекина петнаесетминутниот молк на денешниот студентски протест и предизвика паника кај насобраните е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар.

Радиќ наведува дека се работи за американско несмртоносно, агресивно, звучно оружје кое има за цел да оневозможи цел, односно да служи како уред за онеспособување.

„Најголемиот проблем на вечерашниот настан е – на кого му текнало да употреби вакво оружје? Во ситуација кога сите демонстранти беа мирни, кога се пренесуваше петнаесетминутниот молк за жртвите, беше употребено оружје.

„Единствената цел на овој чин е брутално прикажување на сила, доказ за ароганција, а мотивот е омраза кон сопствениот народ“, изјави Радиќ за порталот N1.

Тој вели дека „звучниот топ“ веќе неколку години е дел од безбедносниот систем Сбија.

И пратеникот Здравко Понош наведува дека според информациите што ги добил се работи за звучно оружје.

„Реакцијата на толпата, дека се чувствуваат како нешто да поминало покрај нив, е резултат на употребата на звук, со цел да ги исплаши“, вели Понош.

Тој исто така објасни дека освен што предизвикува паника, овој тип на оружје може да се користи на многу начини.

„Употребата на ова оружје може да му наштети и на здравјето, а тоа што се користело во време кога се покажуваше почит за жртвите е целосен скандал“, вели Здравко Понош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поголема безбедност за музеите и артефактите: Тошковски…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Почина Горан Баре, фронтменот на „Мајке“

Горан Баре, еден од најпознатите хрватски рок-музичари…

Краделе ореви и бадеми во Кавадаречко: Двајца…

Вчера во 13:30 часот во Кавадарци, полициски…

Албанија забрзува кон ЕУ: Уште едно поглавје…

Албанија на 13 октомври во Луксембург ќе…

Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е избран за…