Нова студија: Долгорочен Ковид-19 може да предизвика абнормалности на главните органи?!

t

Луѓето кои страдале подолго од KОВИД-19 – болеста предизвикана од коронавирусот – имаат поголема веројатност да доживеат оштетување на органите, покажа новото истражување.

Медицинските снимки покажаа дека оваа категорија пациенти има трикратно зголемени шанси да се соочат со абнормалности во белите дробови, мозокот и бубрезите.

Истражувачите веруваат дека постои поврзаност со долгото траење на болеста.

Има надежи дека оваа студија, објавена во научното списание Лансет, ќе помогне да се создадат поефикасни третмани за она што е познато како „долгорочен КОВИД“.

За потребите на студијата, анализирани се 259 пациенти, кои се разболеле од коронавирус и потоа биле хоспитализирани.

Пет месеци по излегувањето од болница, снимките покажаа дека се забележани значителни разлики во нивните главни органи, во споредба со група од 52 лица кои никогаш не биле заразени со коронавирус.

Најголемата разлика е забележана во белите дробови, каде што снимките покажале 14 пати поголема шанса за абнормалности.

Новиот коронавирус првпат беше пријавен во декември 2019 година во Вухан, Кина.

Светската здравствена организација го прогласи коронавирусот како пандемија на 11 март 2020 година.

Повеќе од 6,9 милиони луѓе починале од избувнувањето на пандемијата ширум светот.

САД забележаа најголем број жртви, а потоа следат Индија и Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…