Нова трансплантација на коска извршена на 12-годишен пациент на Клиниката за ортопедија
На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор.
Интервенцијата е извршена кај 12 годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење штраф, а по повторна појава на деформитетот се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција. Пациентот испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилирација.
– Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиолог Јадранка Зафировска со анестетичар Златка Апостолова, инструментарка Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз.
Благодарност и почит до медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација.
Нашата цел е зголемување на свесноста за органодарителство, како највисока и најблагородна форма на хуманизам, која е возможна само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, вели д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…