Нова фасада за кумановското училиште „Перо Наков“
Интензивно се спроведува поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“, соопштија денеска надлежните. Реконструкцијата на фасадата се спроведува согласно потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука, општина Куманово односно секторот за образование и училиштето во рамки на проектот на МОН „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“.
Претходно, во училиштето заврши партерното уредување на целиот училишен простор, со средства обезбедени од општината во вредност од 1.979. 947 илјади денари. Со пари од општината беше замената надворешната и внатрешната столарија на 54 училници, кабинети канцеларии, тоалети, во училиштето, проект кој е финансиран од општината.
-Постојано се вложува во реконструкција и санација на објектот и се надеваме дека значително ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на наставата во училиштето. Наредната учебна година учениците ќе и8маат одлични услови за изведување нанаставата-изјави директорката, Мила Жибак Димковска.
Средното општинско училиште „Перо Наков“ Куманово доби столчиња, маси, компјутери и Смарт табли за потребите на учениците од двата објекти. Учениците кои следат настава во централниот и дисперзираниот објект добија 200 столчиња, 100 клупи, како и 97 компјутери и седум Смарт табли за опремување и модернизација на кабинетите по информатика. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Настава во СОУ „Перо Наков“ следат околу 800 ученици на македонски и албански наставен јазик. Учениците од прва година од профилите економски техничар, техничар за изработка на обувки и техничар за изработка на облека следат и дуално образование.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…