Новиот британски премиер го покани Трамп во Манчестер
Новиот британски премиер Енди Брнхам, кој ја презеде функцијата во понеделникот, во својот прв телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди посветеноста на Велика Британија на одбраната и безбедноста, соопшти Даунинг стрит.
Според кабинетот на британскиот премиер, Брнхам нагласил дека безбедноста на Обединетото Кралство и на неговите сојузници ќе биде негов врвен приоритет.
Во разговорот станало збор и за состојбата на Блискиот Исток, при што Брнхам му рекол на Трамп дека Лондон ќе помогне во обезбедувањето на слободното поморско движење низ Ормускиот Теснец, со цел да се заштитат глобалните синџири на снабдување и да се намалат трошоците за компаниите и домаќинствата.
Брнхам, кој претходно беше градоначалник на Голем Манчестер, воедно го поканил американскиот претседател да го посети Манчестер.
Трамп во повеќе наврати ги критикуваше европските сојузници дека издвојуваат недоволно средства за одбраната, но по последниот самит на НАТО во Анкара ги поздрави напорите на европските земји и Канада за приближување кон целта од пет проценти од БДП за одбранбени трошоци.
Енди Брнхам ја презеде премиерската функција откако Кир Стармер поднесе оставка поради засилените притисоци од редовите на неговата партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новиот британски премиер го покани Трамп во…
Новиот британски премиер Енди Брнхам, кој ја…
Трамп: Нетанјаху нема да биде уапсен за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот…
Бензините поскапуваат за 3, дизелот за 6…
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат…
СДСМ: Зошто се кријат резултатите од анализите…
Опозициската СДСМ прашува зошто се кријат резултатите…
Засилени контроли на улиците и патиштата во…
Секторот за внатрешни работи Охрид информира дека…