Новиот британски премиер живееше опкружен со луксуз и раскош, а сега ќе се пресели во скромниот Даунинг стрит
Новиот британски премиер, Риши Сунак, и неговото семејство ќе мора да се преселат од луксузни вили, свилата и кадифето во скромната улица Даунинг 10 во Лондон, традиционалната резиденција на премиерот на Велика Британија.
Нагаѓањата за тоа каде ќе живее новиот премиер почнаа откако Сунак го одржа својот прв јавен говор како премиер, сам пред Даунинг стрит 10. Тоа е спротивно на обичајот новите премиери или премиерки да ги имаат првите настапи пред резиденцијата со членови на семејството.
Во исто време, Сунак и неговата сопруга Акшата Марти, родители на две деца, се меѓу најбогатите Британци и поседуваат неколку луксузни згради шитум Англија и Лондон.
Сето ова ги поттикна шпекулациите дека семејството нема да се пресели во многу поскромната Даунинг стрит. Сепак, Владата ги негираше таквите информации.
Даунинг стрит 10 е седиште на британската влада и официјална резиденција на премиерот, но последните неколку – Тони Блер, Гордон Браун, Дејвид Камерон, Тереза Меј и Борис Џонсон, всушност со своите семејства живееја во соседната куќа, во број 11, каде што инаку е седиште на министерот за финансии, но е и многу попростран простор за живеење.
Владината портпаролка изјави дека, колку што знае, новиот премиер и неговото семејство немаат намера да го реновираат просторот. Такво нешто направија Борис Џонсон и неговата сопруга Кери минатата година во број 11, предизвикувајќи голем политички скандал бидејќи реновирањето чинеше 200.000 фунти, многу повеќе од 30.000 фунти буџетирани за такви цели.
Џонсон тогаш изјави дека има намера да ја надомести разликата во трошоците за реновирање со приватни донации.
Богатството на Сунак се проценува на 730 милиони фунти.
Тој е во брак со Акшата Мурти, богата наследничка вредна 200 милиони фунти. Тие имаат две ќерки – Кришна и Анушка. Неговата сопруга е ќерка на милијардерот Н.Р. Нарајан Марти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема веќе молк: Кочани на нозе, свирежи…
Улиците на Кочани беа сведоци на марш…
Макрон: Иран никогаш не смее да добие…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска дека телефонски…
Пакистан ќе го предложи Трамп за Нобелова…
Пакистан денеска соопшти дека ќе го предложи…
Дали Трамп одлучи? Полетаа американските бомбардери
Шест стелт бомбардери B-2 Spirit од базата…
Му ја дал колата на другар кој…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…