Новиот грчки амбасадор во Скопје: Атина ќе го поддржува македонскиот пат кон ЕУ

t

Јоанис Малукос е новиот амбасадор на Грција во Македонија. Тој денеска ѝ ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и најави силна грчка поддршка за европската интеграција на земјата. Грчкото Министерство за надворешни работи веќе го наведува Малукос како шеф на мисијата во Скопје.

Малукос изразил подготвеност за унапредување на добрососедските односи преку конструктивен политички дијалог и почитување на меѓународното право.

Тој посочил дека проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетите за време на грчкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година.

Новиот амбасадор го издвоил и присуството на грчките компании во Македонија како важен економски мост меѓу двете земји.

Сиљановска-Давкова, пак, изразила очекување мандатот на Малукос да придонесе за отворање ново поглавје во македонско-грчките односи.

Таа оценила дека Грција е важен сосед и потенцијален стратешки партнер и дека како земја со најдолго искуство во Европската Унија во регионот има значајна улога во интеграцијата на Западен Балкан.

Во економскиот дел од соработката, претседателката ги издвоила Коридорот 10 и гасниот интерконектор како стратешки проекти од заеднички интерес.

Сиљановска-Давкова ја поздравила и грчката иницијатива регионот на Преспа да биде впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…

Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…

Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…

Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…

ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…

ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…

Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…

Пожарот што избувна во куќи во близина…