Новиот директор на ЗОО Скопје излезе со јавен демант, еве зошто
Денеска, новиот директор на зоолошката градина во Скопје излезе со јавно демантирање на информацијата дека тој е член на партијата ГРОМ.
Ова е неговиот официјален и целосен демант на оваа информација:
„Јас Драган Илиевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа.
Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа. Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ.
Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Делчево ќе добие современа спортска сала –…
Министерството за спорт продолжува со реализација на…
ЕУ планира данок од 3% за дигиталните…
Европската Унија предлага данок од три проценти…
Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани…
Почетокот на изградбата на експресниот пат што…
Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над…
Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската…
Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за…
Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините,…