Новиот црногорски премиер зборува пет јазици, се образовал во Јапонија

t

Милојко Спајиќ е роден 1987 година во Плевља. По завршувањето на средното образование, Милојко, како стипендист на јапонската влада, преку петгодишната програма за стипендии Монбукагакушо, ја завршил својата прва година на студии на Универзитетот во Осака, а потоа дипломирал на редовни четиригодишни студии по Економетрија и квантитативна економија на Факултетот за економски науки при Универзитетот Саитама, стои во официјалната биографија на новиот премиер на Црна Гора, на веб-страницата на владата на Црна Гора.

Како дел од размената, тој поминал и еден семестар на најдобриот кинески технички универзитет Цингхуа. Магистрирал, исто така како стипендист, во Франција во ХЕЦ Париз, кој според престижниот британски Фајненшл Тајмс е школа број еден во Европа за финансии.

После тоа, тој го основа својот старт-ап и работи во Токио и Сингапур, во глобалната банкарска групација Голдман Сакс, но бил и партнер на фондот Venture Capital во Сингапур.

За Милојко Спајиќ на Википедија може да се дознае уште еден интересен факт, дека ги зборува овие светски јазици: англиски, јапонски, кинески, руски, француски… Тој е припадник на Српската православна црква.

Долго време беше во вонбрачна врска со згодна бринета која во Женева ја роди својата ќерка, која исто така се школувала во странство, а зазема важна позиција во една европска агенција. Двајцата беа во обична врска, но веќе некое време не се заедно.

Наведената функција ја напушти по речиси четири години, доаѓајќи во Црна Гора, со цел со своето знаење и искуство да и помогне на својата татковина. Како непартиска личност беше член на советничкиот тим на Здравко Кривокапиќ, носителот на изборната листа „За иднината на Црна Гора“ и мандатот за состав на Влада.

Премиерот Спајиќ, поранешниот министер за финансии во владата на Здравко Кривокапиќ, со чија ќерка тогаш излегуваше, претходно стана хит на социјалните мрежи и тоа поради – љубовта! За да се оправда дека не е националист, пред ТВ камерите го откри својот љубовен живот.

– Мојата девојка беше Французинка, претходно индонезиска муслиманка, претходно јапонски будист, пред тоа кинески комунист. Не можам да замислам контекст во кој би можел да се идентификувам со какви било радикални националистички ставови – изјави тогаш Спајиќ.

Спајиќ, кој потекнува од Пљевља, во неколку наврати беше критикуван од неговите политички противници за неговите ставови во однос на СПЦ, за која смета дека е институција која постои во Црна Гора со векови и на која граѓаните најмногу и веруваат.

Тој ја презеде функцијата министер за финансии и социјална заштита во декември 2020 година по парламентарните избори.

А кога станува збор за неофицијалното, можете да дознаете многу повеќе, најмногу од неговиот Инстаграм профил.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, тој го смета за пријател и другар со кој поминал многу километри на тркала при обиколка на Црна Гора во последната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ ОДЛУЧИ! Талат Џафери нов премиер на…

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција…

Премиер Албанец ќе ги теши незадоволните во…

На многу коментираната средба на раководството на…

Демонстрантите упаднаа во канцеларијата на премиерот: Хаосот…

Демонстрантите денеска упаднаа во канцеларијата на премиерот…

Директори и членови на УО земале поголеми…

Премиерот Димитар Ковачевски, говорејќи за потребата од реформа…

Да се примени и кај нас?: Словенечкиот…

Роберт Голоб, новиот словенечки премиер за бирање…