Новиот шеф на ГОКК Абази ветува неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата

t

Една недела откако беше утврден за кандидат и ден по изборот, гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој во следните четири години ќе шефува со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се појави во јавност.

И самиот потврди дека немал програма за работа, но и покрај тоа успеал да ги убеди колегите да гласаат за него контактирајќи со нив во изминатите денови. Кариерата ја почнал во обвинителството во Кичево од каде заминува во Вишото ЈО во Гостивар со кое раководи 4 години за каде посочи дека решавале бројни сериозни предмети за сериозни кривични дела. Вети неселктивна борба против организираниот криминал и корупцијата.

-Освоените 66 гласа се голема одговорност за мене и мотив да ја колку што можам подобро и попрофесионално да раководам со ова јавно обвинителство кое е најважно обвинителство бидејќи во својата надлежност ја има борбата со организираниот криминал и корупцијата. Со моето досегашно искуство и работа сметам дека професионално и законито ќе го претставувам и ова обвинителство,изјава – Ислам Абази – Нов шеф на ОЈО ГОКК.

Абази е обвинител кој е родум од Зајас, родното место на лидерот на ДУИ Али Ахмети па во јавноста се зборуваше дека бил близок со фукционери од партијата. Денеска не негираше дека можеби се сретнал со Ахмети но убедува дека нема релации ниту пак дели исти позиции со интегративците.

-Никој пат не сум бил ниту пак сум член на било која политичка партија. Ниту пак во моето досегашно работење сум оставил впечаток дека јас имам одредени релации или позиции со одредена политичка партија, изјава – Ислам Абази – Нов шеф на ОЈО ГОКК.

Дали сте се сретнале со Али Ахмети бидејќи сте соселани?

-Па можеби и сме се сретнале, лични контакти немаме.

Новиот шеф на обвиниетлството не сакаше да ги коментира актуелните предмети кои сега ќе треба да ги застапува. Рече дека првин ќе се запознае со сите тековните предмети а приоритет ќе му биде пополнување на испразнетите места и дигитализација на јавното обвинителство.

На вчерашното гласање Ислам Абази доби само два гласа повеќе од скопскиот обвинител Ермон Незири кој освои 64 гласа. Досегашната шефица на Организиран криминал Вилма Русковска доби 14 гласа а за обвинителката Деса Пауновска освои гласале само 10 обвинители. Приговори до Советот на ЈО нема, што значи дека најдоцна до понеделник Абази и официјално ќе биде назначен за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем сајбернапад врз Европската комисија: Можно е…

Европската комисија била цел на голем сајбернапад…

Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Паланчани во сабота излегуваат на протест против…

Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…

Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…

Северна Кореја ги проширува капацитетите за збогатување…