Новиот шеф на ЕУ мисијата во Приштина, најавува дека ќе го доближи Косово до ЕУ
Амбасадорот Аиво Орав, естонски дипломат со над 30 години искуство на национално и на ниво на Европска Унија, во дипломатијата и прашањата на ЕУ, денеска ја презеде функцијата шеф на Канцеларијата на ЕУ/Специјален претставник на Унијата во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Амбасадорот Орав, кој претходно беше постојан претставник на Естонија во ЕУ и шеф на делегациите на ЕУ во Црна Гора и Македонија, на чело на Мисијата во Косово го наследи чешкиот дипломат Томаш Суниог.
Во објава на платформата Икс, естонскиот дипломат рече дека со нетрпение очекува тесна соработка со домашните и меѓународните партнери, со цел приближување на Косово до ЕУ.
– Прв ден во мојата нова канцеларија како амбасадор на ЕУ во Косово. Со нетрпение очекувам тесна соработка со нашите локални и меѓународни партнери со цел унапредување на нашите политички и економски односи, поддршка на реформите, приближување на Косово до ЕУ и запознавање со Косово и неговиот народ, напиша Орав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…