Новите кадровски решенија во Владата ќе се најдат пред пратениците до крајот на месецов

t

Голема кадровска чистка во извршната власт и на локално ниво ќе се финализира најдоцна до крајот на овој месец, најави премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната средба со претставниците на ВРЕДИ и во пресрет на денешниот состанок со ЗНАМ

Шефот на владата открива дека целиот процес е веќе во завршна фаза и наскоро официјалниот список ќе биде доставен до пратениците.

„Многу бргу ќе го затвориме овој процес во, условно кажано, првиот ешалон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок и со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира. Така што… најдоцна до 1 јули списокот да се најде во Парламентот пред парламентарците.“, рече Мицкоски.

Сепак, владината метла нема да запре само на министерските позиции, туку по деталните анализи на ефикасноста ќе продолжи длабински низ целата државна структура.

Премиерот јасно стави до знаење дека партиските книшки нема да ги спасат оние кои покажале лоши резултати во подрачните единици и општините.

„Ние имаме и на локално ниво прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија. Имаме свое мислење за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро… така што процесот ќе продолжи во втората фаза таму, во текот на летото.“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…

Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…

Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…

Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…

Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…