Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ Нова

t

Претставници на новата управа на ТВ Нова, од „Алпак Фонд“ и ANN, го прекинале Дневникот на ТВ Нова во 20:30 часот, иако редакцијата имала подготвено дополнителни содржини.

На прашањето на новинарите на порталот „Нова.рс“ зошто бил прекинат програмот, директорот на вести на ТВ Нова, Слободан Георгиев, изјавил дека одлуката ја донеле новите сопственици, „Алпак Капитал“.

„За првпат, претставници на оваа компанија, која во август ги купи медиумите на ‘Јунајтед група’, се појавија непосредно пред почетокот на емитувањето на Дневникот. Беше предвидено ТВ Нова да се вклучи во програмата на ТВ Н1 по завршувањето на Дневникот, но тоа беше направено на непрофесионален начин и на инсистирање“, изјавил Георгиев за „Нова.рс“.

По овој повод се огласил и новинарот на ТВ Нова, Радован Сератлиќ.

„Како што слушнавте, ни ја прекинаа програмата, но вечерва тоа е помалку важно. Слушајте ги упатствата на СЛ, само смирено“, напишал тој.

Во просториите на телевизијата биле присутни претставници на „Алпак“ и ANN, меѓу кои и Петер Вајаи. Тој за „Нова.рс“ изјавил дека немал никаква врска со прекинувањето на програмата.

„Јас апсолутно не влијаев врз тоа. Само ја следев програмата на ТВ Нова“, рекол Вајаи.

На прашањето како тогаш дошло до прекинот, тој одговорил дека, колку што му е познато, таков договор бил постигнат на уредничко ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…

Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…

Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…

Студентската листа води на изборите во Србија…

Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…

(Видео) Солзи радосници и ора по улиците…

Ширум Србија се слави за победата на…

(Видео) Вучиќ призна пораз: Студентите победија, одиме…

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ прризна пораз…