Нови американски санкции: И Кина е на удар!
САД воведоа нов пакет санкции против компаниите кои го заобиколија спроведувањето на западните мерки против Русија, вклучително и 20 компании со седиште во Кина и Хонг Конг.
Американското Министерство за финансии воведе санкции за 200 компании, а Стејт департментот на повеќе од 80, во една од најобемните акции против кинески компании во врска со „казнените мерки“ на Вашингтон против Руската Федерација, објави Ројтерс.
САД претходно постојано предупредуваа дека Кина треба да престане да ја поддржува руската војска, вклучително и за време на неодамнешната посета на американскиот министер за финансии Џенет Јелен и американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Пекинг.
Последниот пакет од американското Министерство за финансии е наменет за 60 компании во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, што, како што се наведува, и овозможи на Русија да ја набави потребната технологија и опрема за воени цели.
Вашингтон се обидува да го спречи заобиколувањето на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради војната во Украина, и поради тоа, САД веќе воведоа санкции за компании од Кина, Турција и Обединетите Арапски Емирати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…