Нови детали: Албанија им забрани влез на десетици лица од Македонија поради антивладини протести во Тирана

t

Албанските власти им забраниле влез на повеќе десетици лица од Македонија кои, според информациите во дел од албанските медиуми, планирале да присуствуваат на антивладините протести во Тирана.

Според објавените информации, на таканаречената „црна листа“ на Албанија се нашле повеќе од 60 лица поврзани со коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство во Македонија.

Меѓу лицата на кои, според медиумските наводи, им бил ограничен влезот се пратеникот Аднан Азизи од ВЛЕН, Беким Ќоку, кој се поврзува со движењето „Ветевендосје“ и ВЛЕН, поранешниот министер за европски прашања Хасим Муртезани, како и општински советници и други јавни личности.

Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави дека на антивладините протести во земјата се приклучиле „платени платеници“ од Косово и Македонија, без да наведе конкретни имиња.

Од засега нема официјална потврда од албанските институции за причините поради кои на овие лица им бил одбиен влезот во земјата, ниту детали за евентуалните мерки што биле преземени.

Случајот предизвика реакции во политичките кругови, а се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…

Извршниот одбор на Народната банка на Србија…

Затвор за лажни вести што ќе го…

Со новиот Кривичен законик, кој е испратен…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…