Објавено на:

Нови детали за трагедијата во рудникот Соко – немало експлозија

t

Министерката за рударство и енергетика на Србија Зорана Михајловиќ на прес-конференцијата во рудникот „Соко“ изјави дека во тој рудник немало експлозија, туку дека загинатите рудари се задушиле поради високата концентрација на метан.

-Голема е тагата, загинаа осум рудари од рудникот „Соко“, се задушиле утрово во 4.10 часот. Немаше експлозија, причината беше зголемувањето на метан, рударите се задушија. Телата се на пат за Ниш, за да се направи обдукција, истражните органи си ја вршат работата, верувам дека наскоро ќе ги имаат писмените причини за овие настани – нагласи Михајловиќ.

Таа посочи дека рудникот е метан, а снабден е со сета потребна опрема и мониторинг.

– Ја имаме снимено секоја секунда. Немаше експлозија, се задушија од високата концентрација на метан – рече таа.

Министерката рече дека државата ќе им помогне на сите семејства.

– Ќе се сретнеме како влада, како што ќе помагаат рударите на цела „Ресавица“. Осум рудари оставија 12 деца, од кои едно бебе родено на почетокот на годинава. Наша работа е да направиме се за да не бидат заборавени – изјави Михајловиќ.

Во оваа несреќа загинаа 8 работници, а 20 се повредени, од кои 18 се сместени во Општата болница во Алексинац, а двајца се во Ниш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…