Нови детали од истрагата за експлозијата во стан во Белград во која загина македонски државјанин

t

Шифрирани телефони се пронајдени во станот на „Косовска улица“ во Белгрaд каде што маж за кој се сомнева дека е македонски државјанин активирал експлозивна направа подготвена за ликвидација на 1 октомври и починал во експлозијата, објави Нова.рс.

Како што открива извор од истрагата, сè уште се работи на нивно целосно дешифрирање, но веќе се пронајдени одредени докази. Се сомнева дека експлозивната направа ја подготвила група поврзана со „врачарците“ и со кавачкиот клан.

Прекарот откриен во шифрираните телефони веќе се појавил и им е познат на истражителите. Тој е поврзан со организацијата на убиството на Никола Станковиќ Пивце, како и некои други ликвидации – открива извор од истрагата за Нова.рс.

Никола Станковиќ Пивце беше убиен во декември минатата година додека спиел, во својата куќа. Напаѓачите упаднале во куќата и го застрелале додека спиел во кревет со својата бремена свршеница.

Инаку, Вишото јавно обвинителство во Белград вчера објави дека го сомничи Ф.В. (26) поради постоење основи на сомнение дека донел експлозив на неидентификувано лице чие безживотно тело беше пронајдено по експлозијата што се случи на 1 октомври во стан на третиот кат на Косовска улица.

Осомничениот е обвинет за кривично дело Нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.

На Ф.В. му е одреден притвор до 48 часа, во кој рок ќе биде доведен на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Белград.

„Работиме на утврдување на идентитетот на жртвата и на утврдување на сите околности на критичниот настан“, соопшти обвинителството, пренесува Курир.

Телевизијата потесетува дека силата на експлозијата во станот уништила преградни ѕидови, испукала прозорци и рамки, а оштетила и автомобили на улицата. Според неофицијални информации, мажот изнајмил стан за еден ден и најверојатно ја активирал експлозивната направа преку нестручно ракување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…