Објавено на:

Нови дојави за бомби во Белград: На мета студентски домови и трговски центри

t

Три трговски центри, четири студентски домови, Музејот на Југославија и некои други објекти во центарот на Белград денеска добиле дојава за бомби, јави допсиникот на МИА од Белград.

Бомби денеска била пријавена во трговскиот центар Ада мол -Галерија, БИГ Раковица, како и во Бео шопинг трговскиот центар, соопштија од Министерството за внатрешни работи,по што сите вработени и посетители се евакуирани.

По дојавата дека во студентските домови „Студентски град“, „4 април“, „Слободан Пенезиќ“ и „Вера Благојевиќ“ во Белград биле поставени бомби, припадниците на МВР излегле на терен и по детална проверка на антидиверзантските екипи било утврдено дека пријавите за поставените бомби се лажни, соопштија од Министерството за образование.

Од истите причини денеска беше евакуиран и Музејот на Југославија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…

Врз основа на достапните снимки и фотографии,…

УБИСТВО во Белград: Убиен е 27 годишник,…

Никола Станковиќ (27) е убиениот во пукањето…

Белград ѝ се заблагодари на Грција за…

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…

Градоначалникот на Белград најави: Бесплатен јавен превоз…

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека…

Студентите во Белград го блокираа сообраќајот, маж…

Непознат маж денеска удри студент на Универзитетот…