Објавено на:

Нови дојави за бомби во училиштата во Србија

t

Поради дојава за наводно поставена бомба во училиштата во Нови Сад, наставата во прва смена е прекината. Учениците од најмалку две основни училишта во Нови Сад биле вратени дома, во Петроварадин и Подбара, додека полицијата извршила претрес во училишните простории, пренесуваат српските медиуми.

Родителите се претпазливи и загрижени за своите деца, по трагичниот настан што се случи во Белград на 3 мај. „Каде оди сето ова? Господе“, рече еден од нив во групата на Вибер која собира родители од училиште во Нови Сад.

Пред само неколку дена, на 19 мај, дојавите за поставени бомби испразнија неколку јавни згради и институции, како што се Спенс, Железничката станица, Универзитетот во Нови Сад, трговските центри, но по проверката се покажа дека пријавите биле лажни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…