Нови медали за младите генијалци од Македонија: Голем успех во математика и економија!
Уште едно големо признание за македонските ученици пристигна од меѓународните натпревари, каде младите таленти повторно ја претставија државата во најдобро светло. Со одлични резултати во математиката и економијата, тие покажаа знаење, посветеност и конкурентност со врсниците од целиот свет.
На Балканската математичка олимпијада, која се одржа во Солун, Дамјан Давков освои златен медал, додека Ивано Божиновски и Андреј Тасиќ се закитија со бронзени одличја. Во македонскиот национален тим беа и младите успешни математичари Марко Митевски, Леонид Тодороски и Валентино Атанасоски.
Учеството на Балканската математичка олимпијада го организираше Сојузот на математичарите на Македонија, научно здружение кое ги организира националните натпревари и е акредитирано за организаизација на меѓународните натпревари.
Во меѓувреме, на Природно-математичкиот факултет се одржа и 4. Македонска економска олимпијада, на која беа избрани членовите на македонскиот тим што ќе настапи на Интернационалната економска олимпијада во Кина.
Македонија таму ќе ја претставуваат Стефан Младеновски од Гевгелија, Теа Ангелова, Оливера Џамбазова и Ванеса Томова од Скопје, како и Георги Јаковлев од Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…
Распродажбата на акциите на технолошките компании се…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка…
Најновите извештаи на Светската банка и Европската…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…