Нови обвинители во ЈОРМ, ОЈО ГОКК, Вишото јавно обвинителство и ОЈО Битола

t

Советот на јавните обвинители денеска за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ги избрал јавните обвинители Валентина Стојановска и Златко Биковски, а за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Како што соопштуваат од СЈОРМ, за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола е избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, а за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје е избрана јавната обвинителка Наташа Крстева Цалева.

Понатаму на денешната, трета седница, како што дополнуваат од СЈОРМ, се донела одлука за мирување на функцијата јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола на Ирина Трајкоска Стрезоски поради избор за директор на Академијата за судии и јавни обвинители и се донела одлука за номинирање на членот на Советот – Зорица Павловиќ за заменик член на Етичкиот совет на јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…