Објавено на:

Нови откритија на американските рaзузнувачи: Еве што планира Русија откако ќе изврши инвaзија врз Украина

t

САД имаат разузнавачки информации дека Русија подготвува списоци со украински политички фигури и други политички противници од висок ранг кои ќе бидат цел на апсење или атентат во случај на руски напад врз Украина, објави „Форин полиси“ (Foreign Policy).

Четири лица запознати со американското разузнавање изјавија за „Форин полиси“ дека ако Русија продолжи со плановите за инвазија на Украина, таа може да биде насочена кон истакнати политички противници, активисти за борба против корупцијата и белоруски и руски дисиденти кои живеат во егзил.

Петтиот извор, американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен, истакна дека САД ја намалуваат својата разузнавачка класификација со цел да ги споделат заканите за одредени групи во Украина со украинските владини претставници и другите партнери во регионот.

Како што видовме во минатото, очекуваме дека Русија ќе се обиде да наложи соработката преку заплашување и репресија. Овие дејствија, кои во минатите руски операции вклучуваа таргетирани убиства, киднапирања/присилни исчезнувања, притворања и употреба на тортура, најверојатно ќе бидат насочени кон оние кои се против руските акции, вклучително и руски и белоруски дисиденти во егзил во Украина, новинари и анти- корупциски активисти и ранливи популации, како што се верските и етничките малцинства – изјави американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.

Портпарол на украинскиот претседател Володимир Зеленски не одговори веднаш на барањето за коментар на „Форин полиси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…