Нови пријави за физички напади низ Скопје
Поплава на физички напади на цела територија на Скопје бележи билтенот на МВР. Најчести актери во овие немили настани се малолетници.
Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 03.40 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пријавите во МВР продолжуваат и во остатокот од денот.
– во 17.00 часот во СВР Скопје, Ј.К. пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– во 17.00 часот во СВР Скопје, Ј.К. пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– во 17.32 часот во СВР Скопје, З.П.(41) од Скопје пријавил дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.Ј.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
– во 19.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(24) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 16.00 часот во селото, по претходни недоразбирања, била физички нападната од К.Л.Д.(53) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
– во 21.07 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека околу 20.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Р.Е.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување…
Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба…
Игор Ивановски, Андреј Петров и поранешните функционери…
Почнувајќи од следната недела, пред лидерот на…
Урко: Напаѓаме две светски злата, македонските кикбоксери…
Македонската кикбокс репрезентација испишува историја на Светското…
Горан Герасимовски е избран за потпретседател на…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Од утре врнежи од дожд, од недела…
Под влијание на циклонска активност времето утре…