Нови протести во Белград поради трагедијата во Нови Сад

t

Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица.

Барањата што ги покренаа демонстрантите се оставки на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, декласификација на договорите поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, апсење на одговорните за трагедијата и вонредната контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или на кои се работи во изминатите 10 години.

На 1 ноември 14 луѓе загинаа, а тројца беа тешко повредени кога се урна бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Оставка досега поднесе само министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, но тој рече дека не ја презема вината за трагедијата.

Во вторникот, за време на протестот во Нови Сад, мирниот марш се претвори во општ хаос во центарот на градот. Групи маскирани млади ја оштетија зградата на локалниот штаб на владејачката Српска напредна партија, врз која граѓаните претходно фрлаа црвена боја. Искршени се вратата и прозорците на градското собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…