Нови руски напади ги нарушија интернет и ТВ мрежите во Киев

t

Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки за размена на податоци (IXP) и дата-центрите во Киев. Додека мобилните и интернет-мрежите на големите оператори успеваат да останат во функција преку пренасочување на сообраќајот, дигиталните платформи, хостингот и ТВ-емитувањето претрпеа сериозни нарушувања.

Во текот на ноќта беше погодена инфраструктура на системскиот оператор Cosmonova, кој обезбедува магистрален интернет и оптички линии за корпоративни клиенти. Беа погодени телевизиски канали како „Новини.LIVE“ и „Армія TV“. Погоден е и регионалниот интернет-провајдер Коло.ТВ, кој обезбедува домашен интернет, оптичка врска и дигитална телевизија (IPTV) за физички лица и претплатници во станбени населби во Киев и регионот.

Продолжуваат нападите врз дата-центрите на трите големи национални телекомуникациски оператори.

Компанијата Датагруп (Datagroup), која од 2024 година е обединета со Volia и lifecell (групацијата DVL), официјално потврди дека нејзиниот дата-центар во Киев бил директно погоден од руски гранатирања на 25 септември. Тоа доведе до сериозни нарушувања во хостингот, магистралниот пренос и интернет-услугите за голем број нејзини клиенти.

Беше погоден и Киевстар (Kyivstar) – мобилните мрежи (GSM/4G) продолжија да функционираат нормално благодарение на резервите, но по нападите врз дата-центрите на 26 септември, телевизиските платформи (како Kyivstar TV) и низа OTT-стриминг услуги претрпеа нарушувања и привремено губеа сигнал на одделни канали.

„Укртелеком“, како најголем национален оператор на фиксна мрежа, не пријави директно уништување на свој главен дата-центар во тие конкретни денови, но претрпе индиректен притисок. Поради уништувањето на јазолот Cosmonova, како и инфраструктурата на Datagroup и Parkovy, дојде до пренасочување на огромни количини интернет-сообраќај и нарушувања на магистралните врски низ целата земја.

Според Министерството за дигитална трансформација на Украина (Минцифра), како резултат на нападите врз дата-центрите околу 100.000 претплатници (домаќинства) немаат интернет во Киев, што значи дека се погодени околу четвртина милион луѓе.

За разлика од интернет-претплатниците, кај телевизиските корисници нема официјално објавен конкретен број, бидејќи погодените канали се дистрибуираат преку различни платформи. Каналите „Новини.LIVE“, „Армія TV“ и „Ми-Україна+“ целосно го загубија сигналот или престанаа со емитување. Националната јавна телевизија „Суспилне“ (Суспільне) соопшти за неисправност на дел од нејзините онлајн видео-плеери, а веб-страницата и онлајн-стримот на телевизијата „Прямиј“ престанаа да се отвораат.

Најмногу се погодени интерактивната телевизија (IPTV/OTT) во Киев и регионот, а поради нападите врз D2 е погодена и дистрибуцијата на бесплатната дигитална телевизија преку антена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…

Руте разговарал со Зеленски за важноста од…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…