Нови случаи на труење со газиран пијалок во Хрватска: Кока-кола ги повлекува производите

t

Во Хрватска четири лица се хоспитализирани поради сомневање за труење од газирани пијалоци – три во Загреб и едно во Риека. Полицијата врши увид и зема примероци од спорниот пијалок. Компанијата „Кока-кола“ објави дека повлекува серија пијалоци од пазарот во Хрватска поради труење.


„Coca-Cola“ потврди дека привремено повлекува една серија „Coca-Cola Original Taste“ од половина литар во пластична амбалажа и две ограничени серии „Romerquel Emotional Blueberry Pomegranate“ од 330 милилитри во стаклена амбалажа.
Во некои продавници во Загреб и Риека, трговците ги повлекоа спорните газирани пијалоци од полиците додека не заврши истрагата.
Хрватскиот институт за јавно здравје ги добил мострите од безалкохолни пијалоци кои санитарната инспекција ги доставила по истрага во кафуле во Риека каде на едно лице неодамна му се слошило, а резултатите од анализата ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.


Министерот за здравство Вили Берош одговори на новинарско прашање дали граѓаните можат да бидат сигурни дека тоа во моментов никој не може да го каже.
„Имаме два пијачки во два града, полнат во две земји…“, рече тој и посочи дека најдобро е да се пие вода.
Гастроентерологот Рајко Остојиќ препорача граѓаните да ги избегнуваат сите газирани пијалоци и да пијат обична општинска вода.
Порталот Индекс наведува дека, иако случајот во Риека се случил во саботата, до вчера никој од надлежните не реагирал, а пораките за наводните труења на големо се рашириле преку социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…

Во пожарот што во ноќта меѓу 13…

Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…

Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…

Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…

Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…

Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…

На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…