Нови тензии во Косово: Каменуван автомобил на Србин во Суво Дол!
Автомобил управуван од Србинот Саша Блажиќ вечерва бил каменуван од група Албанци во Суво Дол, потврди самиот Блажиќ за Косово онлајн.
Блажиќ вели дека успеал да побегне и да стигне до својата зграда во Суво Дол бидејќи забрзал кога почнало каменувањето.
„Одам за Северна Митровица, ја префрлив ќерка ми со автомобил и на враќање видов група момци на раскрсницата кај џамијата во Суво Дол. Беа 6-7 и ги видов како се виткаат па претпоставував дека се виткаат за да земат камења. Кога почна каменувањето, забрзав и слушнав удирање на камења во автомобилот. Најмалку десетина камења удриле во автомобилот. Фала му на Бога, не бев повреден“, вели Блажиќ.
Тој посочува дека е поранешен припадник на косовската полиција и дека никогаш немал проблеми со никого.
„Девет години живеам во Суво Дол. Никогаш не сум имал никакви проблеми. Сега ме нападнаа само затоа што забележаа дека автомобилот што го возам е пасат со регистарски број КГ и сигурен сум дека затоа ме нападнаа. Работев во полиција, одев низ цело Косово и никогаш никому ништо лошо не сум направил“, тврди Блажиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Човек од Косово лажел дека има леукемија,…
Полицијата во Косово во саботата уапси човек…
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…